Иако бил срамежлив, една од неговите карактерни црти била тврдоглавоста. Лајонел Валтер Ротшилд имал намера да урне многу од митовите за животните што преовладувале во неговото време. Еден од овие митови било и верувањето дека зебрите се нескротливи

Занимливости

Лајонел Валтер Ротшилд беше истакнат британски барон и политичар, кој потекнуваше од богатата банкарска фамилија Ротшилд. Неговиот татко беше првиот барон од Ротшилд и еден од најбогатите банкари во Британската Империја и се надеваше дека неговиот син ќе го продолжи банкарскиот бизнис.
Тој се разликувал од британската елита, која своето богатство го трошела на нови автомобили, куќи и прекрасни колекции на антиквитети. Всушност, тој своето богатство го наменил за првиот зоолошки музеј во светот. Во 1889 година, неговиот татко му подарил земја за неговиот дваесет и први роденден, набргу на овој имот започнала изградбата на зоолошкиот музеј.
Изградбата на музејот не била случајна, бидејќи интерес кон зоологијата првпат искажал на седумгодишна возраст, а тогаш кај него се појавила и желбата за музеј посветен на животните. Во неговиот дом имало голем број егзотични животни, вклучувајќи птици и кенгури.
Со неволност работел во банката на неговиот татко, бил срамежлив и не покажал способност за финансиите. Како охрабрување, а можеби и како компензација, неговиот татко го основал зоолошкиот музеј што многу го сакал. Музејот бил завршен во 1892 година и Лајонел Валтер во него ги сместил својата голема колекција и книги за природната историја.
Баронот испратил експедиции низ целиот свет, кои требало да донесат експонати за музејот. Пред неговата смрт, во 1937 година, успеал да собере 300.000 кожи од птици, 200.000 јајца, 2.250.000 пеперутки, 30.000 инсекти и илјадници риби, влечуги и цицачи.

Лајонел Валтер Ротшилд

Лајонел Валтер Ротшилд ја поседувал најголемата приватна колекција на зоолошки примероци што некогаш воопшто биле видени, а по отворањето на музејот тие ѝ биле достапни на пошироката јавност.
Иако бил срамежлив, една од неговите карактерни црти била тврдоглавоста. Лајонел Валтер Ротшилд имал намера да урне многу од митовите за животните што преовладувале во неговото време. Еден од овие митови било и верувањето дека зебрите се нескротливи.
Тој впрегнал зебри на кочија и ги одвел пред Бакингемската палата за да докаже дека ова верување е погрешно, а честопати низ лондонските улици можеле да го водат во кочија што е влечена од една зебра.
Друг негов легендарен обид за припитомување животно е кога се качил на грбот на џиновска желка, но обидот бил неуспешен.
Во 1932 година, најголемиот дел од неговата колекција на птици му бил продадена на Американскиот музеј за природна историја, а остатокот од колекцијата му го подарил на Британскиот музеј. Неговата донација била најголемата што ја добил споменатиот музеј.