Членовите на шведската поп група „АББА“, Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лигстад повторно се собираат во лондонското студио „Илинг“. Шведската група во студиото ќе снима за нивната холограмската турнеја „АББАтар“ по повод нивниот 50-годишен јубилеј во 2022 година, пренесува „Дејли мејл“.
Турнејата е планирана за 2022 година, а секој член на „АББА“ ќе заработи по три милиони фунти. По повод одбележувањето на половина век од основањето, групата следната година би требало да издаде пет нови песни. Пред настапите кои в година ќе го одбележат нивниот 50-годишен јубилеј, шведскиот квартет треба да објави пет нови песни, за првпат по скоро четири децении.
– „АББА“ чуваше сè во тајност во врска со нивното повторно обединување, но ова е долгоочекувано – изјавил извор на „Дејли мејл“.