Четири големи јапонски компании -„Тојота“, „Хонда“, „Нисан“ и “Панаосник“ официјално најавија дека ќе започнат заеднички проект, чија цел е развој на нова генерација батерии за електрични автомобили.
Идејата е да се формира тим од професионалци на четирите компании кои заедно ќе создаваат подобри батерии од типот ССБ (Solid-State Battery) за eлектромобилите.
Јапонското Министерство за економија се приклучи на инвестицискиот проект вреден 14 милиони долари.
За неговата реализација, четирите компании формираа нов конзорциум наречен „Либтец“ (Lithium Ion Battery Technology and Evaluation Center).
Многумина аналитичари ги оценуваат ССБ како иднината на електричните автомобили, што се должи главно на фактот дека овој тип батерии користат електролити кои имаат повисока енергетска густина од литиум-јонските и одржуваат пониска температура. На овој начин тие се трансформираат во побезбедна алтернатива на сегашните технологии, но се и поевтини за производство.
Крајната цел на „Либтец“ е развој на батерија, која може да минување до 800 километри со едно полнење.
Првиот клучен чекор за постигнување на таа цел е производство на прототип, кој овозможува минување 550 километри пред да мора да се наполни повторно. Можноста на прототипот ќе биде сериозно достигнување, бидејќи ќе нуди минување повеќе килоемтри од она што го овзоможуваат сегашните електрични автомобили.