На врвот на неговата кариера, Чарли Чаплин се пријавил во „Натпревар за сличност со Чарли Чаплин“, кој бил одржан во Сан Франциско. Меѓутоа, тој завршил на 20-то место.
Лилјаци бомбаши
За време на Втората светска војна, еден забар од Пенсилванија го убедил Френклин Рузвелт, тогашниот претседател на САД, да ја бомбардира Јапонија со лилјаци што носеле експлозиви. Но откако мал број лилјаци биле пуштени по грешка, го разнеле во воздух објектот за изведување на тестовите и со тоа му ставиле крај на проектот за лилјаци бомбаши.
Фараонот и мувите
Во времето на Античкиот Египет, слугите на фараоните биле мачкани со мед по нивните тела за да ги оттргнуваат мувите од нивните владетели додека патувале на отворено.