Холивудскиот актер Чак Норис, кој е познат во светот на боречките вештини, демантираше дека бил дел од немирите кои се случија во Вашингтон минатата недела, откако на социјалните мрежи се појавија слики од негов двојник на протестите при упадот во Конгресот, пренесуваат светските медиуми.
– Тоа не бев јас. Јас не бев на протестите. Нема место за насилство од било кој вид во нашето општество. Јас сум и секогаш ќе бидам за закон и ред – објави тој на Твитер, поистоветувајќи се со тексашкиот ренџер Кордел Вокер, кој го глумеше во познатата телевизиска серија.
It’s him
— Alice Hillmer (@HillmerAlice) January 12, 2021
Менаџерот на Норис, Ерик Крицер, исто така потврди дека актерот, кој е познат по неговиот конзерватизам, не бил дел од немирите на кои загинаа пет лица. Тој изјави дека учесникот во немирите навистина личи на актерот, но сепак, посочи дека Норис е „многу позгоден“.
Норис го глумеше Кордел Вокер во телевизиската серија „Вокер – Тексас Ренџер“, која се емитуваше на Си-би-ес од 1993 до 2001 година.