Здрава храна
Без разлика дали се работи за бела или црна, црницата е најмоќниот природен лек што е на дофат на нашите раце. Плодовите од ова, по малку заборавено дрво, се исклучително вкусни, па токму затоа треба да се консумираат во свежа состојба додека трае сезоната на берење, советуваат народните лекари.
Поради својата исклучителност, современите експерти тврдат дека црницата треба да се класифицира во суперхрана, бидејќи го спречува стареењето на организмот и помага при многу болести.
Црната црница во народната медицина се користи против воспаленија на уринарниот тракт, болести на устата и грлото, епилепсија, депресија, несоница, вртоглавици, каснување од инсект и змија. Свежите незрели плодови се делотворни при дијареа, додека зрелите претставуваат благ лаксатив. Сокот од црница и сирупот овозможуваат полесно искашлување, потење и мокрење, а се препорачува и за испирање во случај на воспаление на грлото и усната празнина. Листот од црната црница успешно го намалува и регулира нивото на шеќерот во крвта, па често се применува и во различни чајни мешавини за дијабетес. Белата црница претставува природен аналгетик, антиастматик, антиревматик, диуретик, седатив, тоник… Како делотворна се покажала и во лекувањето афти, астма, бронхитис, болести на вратот, главоболки, хипертензии.