Филмот „Црниот пантер“ ја освои главната награда на доделувањето на Ем-ти-ви филмски и телевизиски награди.
Филмот за афроамериканскиот суперхерој е прогласен за најдобар филм на годината, во конкуренција на уште четири филмови: „Вондервоман“, „Одмаздници: војна на бесконечноста“, „Женско патување“ и „Тоа“.
Филмот ги освои и годинешните награди за најдобра улога во филм и за херој на годината (Чедвик Боусмен), како и онаа за негативец на годината (Мајкл Б. Џордан). Наградата за „најдобра тепачка“ сепак, отиде за друг суперхеројски филм – „Вондервоман“.
Хорор-фантастичната серија „Stranger Things“ ги освои наградите за најдобро ТВ шоу и најдобра улога во шоу, за онаа на Мили Боби Браун.
Најдобра сценска екипа за изминатава година се седуммината млади актери од хоророт „Тоа“.
Најдобар музички документарец е „Gaga: Five Foot Two”, посветен на Лејди Гага. „Кардашијан“ е прогласено за најдобро реално шоу.
Специјалната „Награда на генерацијата“ ја доби глумецот Крис Прат.