1.001 ЧУДО ШТО МОРА ДА СЕ ВИДАТ

Ктитор: етиопскиот крал Лалибела
Изградена: во 12 век
Висина: 30 метри
Во Етиопија има вкупно 11 цркви издлабени во карпи што се наоѓаат на листата за заштита на светското културно наследство на УНЕСКО, но токму црквата посветена на Свети Ѓорги, која се наоѓа во Лалибела, често се нарекува и осмо светско чудо.
Станува збор за монолитна црква и место за аџилак на верниците на Етиопската православна тевахедо црква, во регионот Амхара.
Црквата е издлабена во седиментна карпа од вулканско потекло. Иако на прв поглед изгледа дека пропаднала во земја, всушност е работена одоздола кон нагоре. Димензиите на комплексот се 25 х 25 х 30 метри.
Нејзината изградба ја нарачал етиопскиот крал Гебре Мескел Лалибела од династијата Загај, кон крајот на 12 век, бидејќи сакал да создаде нов Ерусалим и наводно имал визија во која му било речено да изгради токму таква црква.
Доколку ја глeдате црквата од воздух, ќе ви се причини дека не е можно да се влезе во неа.
Но, не грижете се, во близината има кањон, кој се претвора во тунел што води до црквата. Во оваа монументална градба се наоѓаат едно ставен олтар посветен на Свети Ѓорги и реплика на ковчегот во кој се наоѓаат камените плочи со десетте божји заповеди. Вториот дел сѐ уште не е отворен за јавноста.