Актерот Хју Грант, познат по своите романтични улоги изјави дека веќе нема да се појавува во романтични комедии, затоа што сега веќе е „остарен и огрден“ и добива најразлични улоги. Педесет и седумгодишниот Грант, кој во драмата на Би-би-си, „Голем англиски скандал“, ќе го игра починатиот лидер Џон Торп, вели дека во денешно време има многу малку осуда кога е во прашање работата на телевизија, во однос на почетокот на неговата кариера.
– На почетокот владееше снобовски однос. Јас сум филмска ѕвезда и не работам на телевизија. Но тоа брзо проаѓа. Сега и Роберт де Ниро работи на телевизија. Отсекогаш се обидував да ја прифатам најинтересната понуда што ми е предложена во тој момент, но откако остарев, улогите почнаа да стануваат сѐ поразлични – изјавил Грант.
На прашањето дали повторно ќе се појави во романтична комедија, рече: „Таа птица одлета“.
Во новата серија Грант глуми политичар обвинет за убиството на поранешниот љубовник. Со помош на новата серија се запознал со начинот на живот на политичарите, и дека политичките мотиви во шеесеттите и седумдесеттите и денес се исти.
– Се плашам дека главниот мотив на политичарите е да се промовираат себеси за напредување во кариерата. Секогаш на прво место ми е како да се пробијам на врвот. Тоа било од голема важност и за Торп. Тој бил неверојатно амбициозен – вели Хју.