Во недела на 23 декември во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот ќе се оддржи хуманитарен музички фестивал „ТТ фестивал“.
На фестивалот ќе настапат групите: „Fiction“, „The Planktons“, „Илузија“, „Балкан Велики“ и „TV Rage“.
Концертот под мотот „Пешачкиот премин е за слободно минување, не за смрт!“ ќе биде посветен на Тамара Тодороска и на сите останати невини жртви во сообраќајот.
Цената на билетот за „ТТ фестивал“ ќе биде 100 денари , а сите средства собрани од фестивалот ќе бидат наменети за oрганизацијата која се грижи за дечиња со аутизам „Autism Macedonia-Blue Firefly“.
Организаторите на фестивалот ве покануваат на забава и велат дека сечија поддршка би била драгоцена.