Доколку внесете соодветна храна пред консумирањето алкохол, можете да му помогнете на своето тело полесно да ги поднесе последиците.

Круши

Крушите и сокот од круши го намалуваат ефектот од алкохол дури за 20 отсто, бидејќи ја забрзуваат работата на целиот дигестивен систем. На тој начин алкохолот ќе мине низ телото без да остави поголеми последици.

Хумус

Хумусот е богат со витамин Б, аминокиселини и влакна, кои го подобруваат метаболизмот. Во комбинација со зеленчук е одлична подлога за алкохол.

Лосос

Алкохолот го уништува витаминот Б, па пред да се почне со алкохол, добро е да се внесат резерви, а лососот изобилува со витамин Б.

Пилешко месо

Со консумирање алкохол се менува нивото на шекер во крвта. Пилешкото месо помага во стабилизирање на нивото на шекерот.

Кисели краставички

Киселите краставички, и општо киселиот зеленчук, содржат електролити и доза пробиотици. Со тоа тие ги намалуваат главоболките и вртоглавиците.