Концептот хотел на вода се појавува низ целиот свет во последните неколку години, а дестинациите како Дубаи и Катар водат со сè поиновативни и невообичаени структури.
Новиот концепт на турскиот дизајнерски тим на архитектонското дизајнерско студио „Хајри атак“ (HAADS) може да ги исфрли сите други од играта во однос на еколошката свест. Дизајнот на луксузниот хотел, кој има 152 соби, не само што произведува сопствена електрична енергија туку исто така собира и повторна употреба на дождовница и отпад од храна
Усвојувајќи го мотото „минимална загуба на енергија и нула трошење“, тимот на ХААДС соработувал со голем број експерти, вклучувајќи и инженери за изградба на бродови и архитекти, за да се дизајнира проектот што трае од март 2020 година.
Ако биде изградена, лебдечката конструкција ќе работи на тој начин што ќе користи електрична енергија од вода со помош на генератор на ветер, претворајќи ја енергијата во електрична. Неговото движење треба да го контролира динамичкото позиционирање, компјутерски контролиран систем што се користи за одржување на положбата и насоката на бродовите, како и на пропелерите.
Меѓутоа, гостите веројатно нема да доживеат вртоглавица, бидејќи потребни се 24 часа за хотелот да ротира за цели 360 степени.Иако хотелот првично ќе биде лоциран во Катар, ако или кога ќе биде завршен, проектот може да биде лоциран каде било, со соодветна електрична енергија поради неговата „функција за движење“.
Еколошки концепт
Со површина од над 35.000 квадратни метри, до хотелот ќе може да се пристапи преку пловечко пристаниште од 140 степени. Оние што ќе престојуваат во него ќе може да очекуваат исто ниво на луксуз како во хотелите со пет ѕвезди. Достапните удобности вклучуваат затворен и надворешен базен, спа-центар, вежбалница и мини-голф.
Неговиот впечатлив покрив во форма на вител е дизајниран да собира вода од дожд, која повторно ќе се користи за различни цели, вклучувајќи и за наводнување. Хотелот исто така има цел да ја третира која било користена вода што ја произведува за да не ѝ „наштети на животната средина“ и да развие единици за одделување отпад за рециклирање супстанции, како што е отпад од храна.
Иако проектот сè уште е во релативно рана фаза на процесот на дизајнирање и сè уште нема проценети трошоци, тимот го одреди датумот на завршување за 2025 година.
И покрај одложувањата предизвикани од пандемијата на ковид-19 и технолошките истражувања потребни за напредок, дизајнерите велат дека има голем интерес од инвеститорите и дека се надеваат дека сè ќе почне навреме, пренесува „Си-ен-ен“.