Во Холивуд не губат време, за што доказ е доаѓањето на двајца американски продуценти на Тајланд, каде што е во тек акцијата за спасување на деца од потопената пештера, пишува денеска Би-Би-Си.
Мајкл Скот и Адам Смит од филмската компанија ПјурФликс пристигнаа во Там Луанг и веќе разговараат за можен филмски проект, пренесе новинската агенција ААП.
– Тука ќе дојдат и други продукции, па мораме да бидеме брзи – рече Смит, одговарајќи на прашањето дали е невкусно нивното пристигање со оглед на драмата што ја преживуват децата и нивните родители.
Спасувачите денеска ја продолжуваат акцијата за извлекување на уште четири деца и нивниот тренер.
Четири деца вчера беа извлечени од пештерата, со што бројот на спасени во трката со монсуните се искачи на осум.
Децата се во пештерата од 23 јуни.