Мјузиклот „Од другата страна на перницата“, инспириран од музичкиот опус на популарниот музичар Момчило Бајагиќ-Бајага, во режија на Југ Радивоевиќ, по текст на Стеван Копривица, премиерно ќе биде изведен во април следната година на сцената на „Позориште на Теразие“ во Белград. Бајага вели дека му е драго што повторно ќе соработува со оваа театарска куќа, со која работел на мјузиклот „Женидба и мажачка“, кој се играл седум години.
– Чест ми е што ме избраа како автор, но ова пред сѐ ќе биде тимска работа. Копривица го напиша текстот, а јас ќе се потрудам да ги одберам најдобрите песни како илустрација. Среќен сум што оркестарот ќе свири во живо, тоа ќе биде навистина величествено – изјавил Бајага на неодамнешната прес-конференција.