Во 1966 година Хауард Хјуз пристигнал во Лас Вегас и се сместил во хотелот „Дезерт Ин“. Хјуз престојувал еден месец во собата која ја изнајмил, притое ниту еднаш не ја напуштил. На крајот, сопственикот на хотелот се заканил дека ќе го отсрани, но Хјуз не сакал да си оди и го купил хотелот. Тоа била неговата прва инвестиција во Лас Вегас.
Хјуз го продолжил престојот во хотелот и започнал со купување на други казина во Лас Вегас. Но никогаш не ја напуштал хотелската соба и му биле потребни советници и соработници кои ќе ги надгледувале неговите инвестиции во коцкарскиот бизнис.
Неговиот тим бил предводен од Френк Гај, познат како Бил. Оваа личност била мормон и тоа била една од неговите главни квалификации. Хјуз предпочитал да работи со мормони, затоа што не пиеле алкохол, не пушеле и не се коцкале. Тоа било гаранција дека нема да се најдат во искушение и ревносно ќе работат. Целиот тим на Хјуз во Лас Вегас се состоело исклучив од мормони и многу бргу во градот станале познати како „мормонската мафија“.
Хауард Хјуз беше истакнат бизнисмен, филмски продуцент, авијатичар и титан на американската индустрија. Меѓутоа во последните години од животот започна да се однесува екстремно екцентрично, најверојатно предизвикано од психички проблеми. Хјуз почина на возраст од 70 години во 1976 година. Леонардо ди Каприо го игра во биографскиот филм „Авијатичарот“.