Кралицата Елизабета Втора имала четиричасовна средба со принцот Хари, на ручек во замокот Виндзор во неделата, пред извршување на последната неговата кралска должност во Велика Британија месецов, пишува „Дејли мејл“. Тогаш му ја пренела пораката дека секогаш ќе биде добредојден, ако сака повторно да стане дел од кралското официјално друштво.
Кралицата првпат имаше можност да разговара со Хари насамо, откако тој и неговата сопруга Меган Маркл отстапија од кралските должности, и да открие какви се неговите планови.