Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган Маркл, откриваат планови за основање на нова добротворна организација „Арчивел“ како замена на брендот „Сасекс Ројал“, пренесуваат британските медиуми.
Името на организацијата потекнува од грчкиот збор арче – што значи извор на акција, кој бил инспирацијата за името на нивниот син Арчи.
Двојката засега одлучи да го одложи објавувањето на дополнителни информации за организацијата, поради пандемијата на ковид-19.