Војводата и војвотката од Сасекс, кои се повлекоа од кралските должности на почетокот на оваа година, одлучија да се иселат од Лос Анџелес и да почнат нов живот во многу помирната елитна населба Санта Барбара. Но медиумите тврдат дека локалното население на Монтесито, богат кварт во Санта Барбара, не е задоволно од овој потег поради постојаното присуство на папараци што го следат секој нивни чекор.
Хеликоптери летаат по неколкупати на ден во обид да направат совршени фотографии од принцот Хари и Меган Маркл и нивниот 15-месечен син Арчи, а има и други папараци на копно, во близината на нивниот дом и локалниот трговски центар, објави порталот ТМЗ.
Новите жители на Монтесито, исто така, привлекуваат многу туристи што сакаат да ги видат, а репортери постојано ги прашуваат сопствениците на локалните продавници дали ги виделе војводата и војвотката од Сасекс, пишува порталот.
Во меѓувреме, извор близок до кралската двојка рече дека принцот Хари го мрази Лос Анџелес и е многу посреќен откако се преселиле во Санта Барбара.
– Меган го посети Монтесито во тинејџерските години и се вљуби во живописната глетка и прекрасната архитектура. Преселувањето таму секогаш беше опција, но за почеток, таа и Хари сакаа да видат како ќе биде во Лос Анџелес – рекол изворот.