„Хари и Меган и зошто кралското семејство не може да живее во Канада“ е насловот на статијата објавена во конзервативниот „Глоуб енд мејл“, со која канадскиот весник им порачува дека тие дека не се добредојдени во Канада.
Во колумната се вели дека Канада не е отворена за членовите на кралското семејство кои продолжуваат да ги извршуваат своите должности бидејќи тоа е спротивно на нивниот устав.
– Луѓето од сите вери, националности и раси се добредојдени во Канада, но ако сте член на кралското семејство од висок ранг, оваа земја не може да стане ваш дом – се вели во дел од текстот.
Ова значи дека Хари, шестиот во редот за британскиот престол не може да биде жител на Канада, а во исто време го нарушува непишаното уставно табу.
– Членовите на нашето кралско семејство не живеат овде, тие владеат од далеку. Блиску до нашите срца, далеку од нашите огништа – се наведува во колумната.
Посетите на кралското семејство на оваа земја се прифатливи, но поради односите меѓу Канада и Велика Британија и Канада и круната, преселбата таму не е пожелна, пишува во колумната.
– Канада не е резервен дом за оние кои сакаат да избегаат од Велика Британија, но сепак имаат кралска титула – стои во дел од текстот.
Исто така, она што им пречи на канадските граѓани се трошоците што можеби ќе треба да ги платат од џеб. Засега не е познато како ќе се финансира војводското семејство, односно дали ќе се финасираат сами или дел од парите ќе доаѓаат од даночните обврзници. Тие се лути што канадската влада им понуди да ги плати нивните сметки за осигурување, што изнесува околу милиони фунти годишно.
По објавувањето дека тие заминуваат од Велика Британија, принцот Хари остана во Лондон, додека Меган и нивниот син Арчи отпатуваа за Ванкувер каде што престојуваат некое време. Парот, исто така, ги помина божиќните празници таму.
Неколку дена пред Божиќ, канадскиот премиер Џастин Трудо напиша на Твитер дека „Меган, Хари и Арчи се повеќе од пријатели и секогаш се добредојдени“, но сега весникот го повикал да им каже „не“ на нивната одлука за преселба.