Војводата и војвотката од Сасекс Хари и Меган Маркл нема да извршуваат должности во име на кралицата од 31 март, кога официјално ке ги напуштат кралските функции, објави нивниот портпарол. По 12 месеци условите за нивни евентуални нови должности ќе бидат разгледани.
Тие на крајот од месецов ќе се вратат во Велика Британија. Парот планира да поминува време и во Северна Америка, како и во Обединетото Кралство, и по престанокот на обврските за кралските должности.
Принцот Хари и Меган во текот на месецов и во март ќе присуствуваат на шест случувања како дел од кралското семејство во Британија, меѓу кои е и церемонијата по повод одбележувањето на Денот на Комонвелтот на 9 март, пред да се промени нивниот статус.
Канцеларија во Бакингемската палата веќе нема да им е потребна, бидејќи од први април ќе ги застапува нивната британска фондација, пренесува агенцијата „Ројтерс“.