Пејачот на германската рок-група „Рамштајн“, Тил Линдмен, се наоѓа во болница во одделот за интензивна нега поради инфекција со коронавирус.
Линдмен бил во животна опасност, но сега повторно е добро, пишува „Билд“.
По концертот во Русија, Линдман се вратил во Берлин каде што добил треска.
Брзата помош го однела на клиника каде што го тестирале и откриле дека е позитивен на инфекција со коронавирус. Имал и пневмонија.