Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена, продолжуваат испитувањата на речни такси возила, план кој пред шест месеци беше прекинат. Целиот проект е поддржан од градоначалничката на Париз, Ан Идалго.
Таксијата популарно наречени „морски балончиња“, се движат на електричен погон, а по потреба можат и да се издигнат над водата. Тие се дело на францускиот конструктор, морнарот Ален Тебо.
– Кај пловилата нема никаква бучава, не создават бранови и нема емисија на јаглерод, истакнува конструкторот.
Во октомври минатата година, Тебо веројатно се беше откажал од проектот, поради административни проблеми и се насочи кон други држави, каде што исто така ги промовира своите транспортни средства. Сега сепак, вели дека има зелено светло, а градоначалничката ќе продолжи да го помага овој иновативен и амбициозен еколошки проект.
Првиот прототип на „такси балончињата“ беше тестиран на 16 јуни 2017, на Сена.