Нашиот колега Горан Анастасовски ги лови убавите и слатки моменти на жителите на Скопската зоолошка градина повеќе од петнаесет години. Негова фотографија, на која е претставен убав неодолив момент помеѓу два леопарди додека се галат, беше вклучена во галерија на националниот британски дневен весник „Телеграф“.