Многу милијардери изгубија дел од своето богатство поради турбулентната година, а најголем губитник меѓу нив е директорот на компанијата Фејсбук, Марк Закерберг, кој поради скандали и лош публицитет изгуби 18,7 милијарди долари, објави магазинот Форбс.
Од друга страна директорот на компанијата Амазон, Џеф Базос е најголем добитник, чие богатство се зголеми за 27,9 милијарди долари односно неговото богатство се проценува на 126,2 милијарди долари.
По Безос е јапонскиот милијардер Ташади Јанаји, кој благодарение на своите акции во компанијата Уникло оствари поголема заработувачка за седум милијарди долари.
На трето место меѓу добитниците е извршниот директор на нафтената компанија Лукиол, Вагит Алекперов, кој оствари добивла од 4,6 милијарди долари.
На листата губитници втор е Аманасиот Ортега, основачот на компанијата Индитекс, која е одговорна за брендовите Зара, Бершка, Масимо Дути, кој изгуби 16,2 милијарди долари, поради лошите деловни извештаи.
Џорџ Шефлер, основачот на Шефлер автомобили годинава изгуби 14 милијарди долари. Како што наведува Форбс, падот на продажбата на возила во Европа и во Кина очигледно влијаеше на производителот на гуму и автомобилски делови.