Финска четврта година по ред е прогласена за најсреќна земја на светот во годишниот извештај подготвен под покровителство на Обединетите нации.
Според Светскиот извештај за среќата, на второто место е Данска, а следуваат: Швајцарија, Исланд и Холандија.
Нов Зеланд и годинава е единствената земја надвор од Европа што се најде меѓу првите десет, додека Велика Британија падна од 13-то на 17-то место, пренесува Би-би-си.
Од земјите во регионот, најдобро е пласирана Словенија, која е на 30-то место, Србија на 49-то, Хрватска на 61-то, Босна и Херцеговина на 65-то, а Македонија се пласира дури на 84-то место.
Според извештајот, најнесреќна земја на светот е Авганистан, а следуваат Лесото, Боцвана, Руанда и Зимбабве.
Истражувачите на Галуп ја спровеле анкетата меѓу жителите на 149 држави, кои ја оценувале својата среќа.
Факторите што влијаеле на пласманот на земјата биле: социјална заштита, лична слобода, БДП и нивото на корупција.