Филмот „Лажење и крадење“ на задоцнетиот дебитант Мат Аселтон би можел да се опише како „Оушн 3“, но за разлика од тамошните елаборирани кражби и заплети со куп јунаци и технолошки чуда, овој филм е приземјен во реалноста. Целата приказна се врти околу еден губитник, неговата девојка и болниот брат. Можеби токму поради таквата приземност филмот на Аселтон има неочекуван шарм.
Јунак на филмот е Иван (Тео Џејмс), провалник што отплатува коцкарски долг на покојниот татко, така што по нарачка краде дела од модерната уметност, вклучувајќи и дела на Модиљани и на Џакомети.
Заплетот доаѓа кога Иван ќе наиде на конкурент-крадец (Емили Ратајковски), и кога ќе сфати дека ФБИ му влегува во трага. Овој филм има нешто од духот на криминалните филмови од 1970-тите години.