НЕОБИЧНО СОВПАЃАЊЕ

Пред 25 години светот првпат го виде филмот „Епидемија“, застрашувачка приказна за смртоносен вирус што се шири со огромна брзина.

– Со оглед на актуелните настани во врска со коронавирусот, годишнината на филмот, најверојатно, не можеше да се случи во полошо време – објави Си-ен- ен.
Драмата во која играат: Дастин Хофман, Морган Фримен, Рене Русо и Куба Гудинг Јуниор, премиерно беше прикажана во САД на 10 март 1995 година.

– Во овој апокалиптичен трилер, воен виролог се обидува да го спречи глобалниот биолошки крах поради смртоносниот вирус, кој инфицира цел еден град во Калифорнија – се наведува во описот на Нетфликс на овој филм.
Режисер е Волфганг Петерсен, а филмот се темели на книгата фикција на Ричард Престон „Жешка зона: застрашувачка вистинита приказна“ што ја објави „Ворнер брос“.

Кога се појави филмот, доби одлични критики, иако многумина не веруваа во неговата веродостојност.

– Од денешна перспектива, прикажаните настани не би можеле да се случат толку брзо како што е прикажано во филмот, а периодот на инкубација на вирусот е намален за да се нагласи драматичноста. Филмските продуценти го забрзале дејството, покрај другото и за да не се обраќа внимание на нелогичностите и на дупките во приказната – напиша по премиерата филмскиот критичар Тод Мекарти за „Варајети“.

„Епидемија“ може да се погледне на стриминг-платформите на: Нетфликс, Амазон прајм, Јутјуб, АјТјунс, Гугл плеј и Вуду.