Гледаноста на стриминг-сервисите на интернет, како што се Нетфликс, Амазон прајм и Дизни плус, порасна за време на пандемијата на ковид-19, заканувајќи се на иднината на киносалите. Намалениот капацитет на кината значеше дека холивудските студија оставија на чекање голем број блокбастери, чии премиери треба да бидат во 2021 година. „Ворнер брос“, едно од најголемите холивудски студија, планира да ги објави сите свои 17 филма оваа година во киносалите, истовремено и на „Ејч-би-о макс“.
1. „Последниот дуел“. Во режија на Ридли Скот, во филмот глумат Мет Дејмон, Бен Афлек, Адам Драјвер, Џоди Комер. Вистинска приказна за витези и девици во која кралот Чарлс Шести (Афлек) изјавува дека витезот Жан де Каруж (Дејмон) го решил спорот со неговиот пријател Жак Ле Грис (Драјвер) предизвикувајќи го на дуел.
Објавен од „Твентиет сенчури студиос“ од 8 јануари.
2. „Црната вдовица“. Режијата е на Кејт Шортленд, играат Скарлет Јохансон, Флоренс Пјуг, Дејвид Харбор, Рејчел Вајс. Ретропродолжението на „Марвел“ се фокусира на Наташа Романов во нејзините потраги помеѓу „Капетан Америка: Граѓанска војна“ и „Одмаздници: Војна на бесконечноста“.
Издаден од „Марвел студиос“, со премиера на 7 мај.
3. „Дина“. Режијата е на Денис Вилнев, во кој играат Тимотеј Шаламет, Џош Бролин, Ребека Фергусон. Адаптација на класичниот научнофантастичен еп на Френк Херберт за синот на благородно семејство на кое му е доверена заштитата на највредното богатство и највиталниот елемент во галаксијата.
Објавен од „Ворнер брос“ од 1 октомври со истовремено објавување на „Ејч-би-о макс“.
4. „Топ Ган: Маверик“. Во режија на Џозеф Косински, играат Том Круз, Џенифер Конели, Џон Хам, Вал Килмер, Џеј Елис, Мајлс Телер. За продолжението на „Топ Ган“ се чекаше 31 година. Повторно ќе го гледаме Том Круз како вози мотор, игра одбојка и лета со авиони.
Издаден од „Парамаунт пикчрс“, со премиера на 2 јули.
5. „Матрикс 4“. Во режија на Лана Вачовски, во кој глумат Кијану Ривс, Кери-Ен Мос, Џејда Пинкет Смит, Ламберт Вилсон. Нео (Ривс) и Тринити (Мос) се враќаат во светот на Матрикс – дигиталниот свет што Вачовски го создаде во 1999 година.
Објавен од „Ворнер брос“ од 22 декември со истовремено објавување на „Ејч-би-о макс“.
6. „Невозможна мисија 7“. Режија: Кристофер Меквари, глумат Том Круз, Ванеса Кирби, Ребека Фергусон, Хејли Атвел. Итан Хант (Круз) е повторно во акција во седмиот дел на франшизата што ја покажа неговата подготвеност да се вклучи во акробации што ѝ пркосат на смртта. Меквари се враќа како сценарист и режисер.
Објавено од „Парамаунт пикчрс“ на 19 ноември.
7. „Круела“. Во режија на Алекс Тимберс и Крег Гилеспи, играат Ема Стоун, Џоел Фрај, Кирби Хауел-Баптист, Пол Волтер Хаузер, Ема Томпсон. Станува збор за ретропродолжение на класиката со Круела де Вил (Стоун) опседната со далматинското крзно.
Објавен од „Волт Дизни пикчрс“, со премиера на 28 мај.
8. „Смрт на Нил“. Режијата е на Кенет Брана, а во филмот глумат Кенет Брана, Гал Гадот, Арми Хамер, Анет Бенинг, Роуз Лесли. Брана повторно се враќа во улогата на детективот Херкул Поаро по изненадувачкиот успех во 2017 година со филмот „Убиство во Ориент експрес“, кој исто така го режираше Брана.
Објавен од „Твентиет сенчури студиос“, датумот е непознат.
9. „Приказна за западната страна“. Во режија на Стивен Спилберг, играат Рита Морено, Ансел Елгорт, Рејчел Зеглер. Ова е нова адаптација на Спилберг на познатиот истоимен мјузикл на Бродвеј. Тони (Елгорт) и Марија (Зеглер), двајца тинејџери во 1950-тите во Њујорк припаѓаат на ривалските банди. Тие се вљубуваат и мора да се справат со последиците.
Објавен од „Твентиет сенчури студиос“ од 10 декември.
10. „Шерлок Холмс 3“. Режија: Декстер Флечер, глумат Роберт Дауни Џуниор, Џуд Лоу, Рејчел Мекадамс. Долго очекуваното продолжение на Шерлок Холмс, една деценија откако Роберт Дауни Џуниор и Лоу последен пат го донесоа своето палаво пријателство во викторијанска Англија.
Издаден од „Ворнер брос“, ќе се прикажува од 22 декември со истовремено објавување на „Ејч-би-о макс“.
11. „Кингсмен“. Во режија на Метју Вон, играат Харис Дикинсон, Ралф Фајнс, Арон Тејлор-Џонсон, Џема Артертон, Метју Гуд. Уште едно ретропродолжение, поставено во раните 1900-ти, покажува како група поранешни војници ја формирале агенцијата за шпионирање за да застанат против заговорот за подготвување војна.
Објавен од „Твентиет сенчури студиос“, со премиера на 12 февруари.
12. „Зајакот Питер 2: Бегството“. Во режија на Вил Глук, играат Џејмс Корден, Роуз Брн, Домнал Глисон, Дејвид Ојелово. Продолжение засновано на делото на Беатрикс Потер во кое зајакот оди во големиот град, каде што се среќава со сомнителни ликови и на крајот создава хаос.
Издадено од „Колумбија пикчрс“ од 15 јануари.
13. „Нема време за умирање“. Во режија на Кери Џоџи Фукунага, глумат Даниел Крег, Ралф Фајнс, Рами Малек, Наоми Харис, Леа Сејду, Бен Вишоу, Рори Кинр. Станува збор за 25-от филм за Џејмс Бонд, со Крег, кој се враќа на својот петти, а можеби и последен настап како агентот 007. Бонд излегува од пензија кога неговиот стар пријател од ЦИА, Феликс Лејтер, го убедува да изврши својата последна мисија.
Објавен од „Метро-Голдвин-Мајер“ од 2 април.