На листата на филмови со најголема заработка минатата година се наоѓаат 10 филмски остварувања што остварија профит од над 700.000 долари.
На првото место е „Авенџерски“, поточно „Ендагме“, кој заработи 2,8 милијарди долари во светот и така ја презеде титулата филм со најголема заработка на сите времиња. Следува „Кралот лав“, со заработени 1,6 милијарда долари. Третата позиција ја зазеде „Спајдермен-далеку од дома“ со 1,13 милијарди долари, а четвртото место е за уште едно остварување на Марвел – „Капетан Марвел“ со 1,12 милијарда долари. Анимираниот филм „Приказната на играчките“ со 1,07 милијарда долари го зазеде петтото место, а по него следува „Аладин“ со 1,05 милијарди долари.
Иако сѐ уште се прикажува во кината, „Џокер“ на ИМДБ-страницата е прогласен за најдобар филм во 2019 година. На листата на заработки тој го зазеде високото седмо место со заработени 1,04 милијарда долари. Зад него е новото продолжение на франшизата „Брзи и бесни“ – „Хобс и Шоу“ со 759 милиони долари. На деветтото место е „Фрозен 2“, кој е сѐ уште во кината, а досега оствари заработка од 742 милиони долари, а десетти по заработката е филмот „Не Џа“ со 700.000 долари.