Фразата „силна жена“ кај нас евоцира одреден сет на слики во нашиот ум. Исто така жените со силни карактери не се секогаш како другите, нивните карактери привлекуваат како магнет. Многу често живееле тежок живот, во отежнати околности, кои ги принудиле да донесат моќни одлуки на кои денес им се восхитуваме. Во прилог е компилација од филмови што раскажуваат приказни на дел од најсилните и најинспиративни жени во светот.
Френсис Ха (2012)
Некогаш мора да го направиме она што се бара од нас. Не е лесно да се игнорираат проблемите во животот. Главната работа е никогаш да не се откажуваш од соништата. Оваа приказна е за подемите и падовите на њујоршката жена што не се откажува од своите соништа и ја донесува вистинската одлука. Таа станува независна жена. Таа веќе не се движи по патот по кој се движат сите, туку презема комплетна контрола над животот.
Инглиш Винглиш (2012)
Овој филм е за хероината што нема да го спаси светот од злото, ниту да измисли лек за рак. Таа е едноставно силна жена што не се плаши да се подобри себеси во подобра личност. Нејзината приказна е едноставна и вообичаена. Решението на нејзиниот проблем е банален, да оди на часови по англиски. Таа се насочува на она што навистина ѝ е важно.
Kралска афера (2012)
Кралиците ретко имаат среќа кога станува збор за љубов. Да се биде среќно мажена е речиси невозможна задача, најчесто поради тоа што кралот повеќе ужива во друштвото на други жени, отколку на својата. Владеењето не го интересира многу. Многу од кралиците одлучуваат да бидат трпеливи и задоволни со она што го имаат. За жал, животот не секогаш ни дава храбри и љубезни партнери, но, сепак, мораме да се бориме докрај.
Облаците на Силс Марија (2014)
Веќе возрасната филмска ѕвезда Марија Ендерс добива улога да одигра успешна, но не многу млада бизнисменка, која се заљубува во својата помлада секретарка. На почетокот изгледа како вообичаена улога, но вистината е дека Марија веќе ја има одиграно истата улога во почетокот на својата кариера, пред 20 години. Оваа нова улога влијае лошо врз Марија. Таа не знае како да продолжи понатаму и да ја прифати новата јас.
Сѐ уште Алис (2014)
Професорка по лингвистика се буди едно утро и сфаќа дека заборава зборови. Таа почнува да заборава имиња на пријатели и на семејството, а сето тоа се должи на брзорастечката болест Алцхајмер. Она што не го заборава Алис е дека е среќна личност. Ова е филм што нѐ учи дека секој момент од животот е драгоцен.
Ма ма (2015)
Пенелопе Круз во овој филм игра улога на талентирана наставничка и сакана мајка, Магда. Таа се соочува со проблем што ја принудува да ја собере сета сила за да ја надмине сериозната болест и да му се врати среќна на животот.
Жената во злато (2015)
Главниот лик во овој филм го глуми Хелен Мирен, која минува низ страшна болка. Таа се бори за правда да си го врати наследството што му припаѓало на нејзиното семејство, слика од Густав Климт. Ова е приказна за една жена што се бори со цела држава. Овие филмови ни раскажуваат за вредностите и минатото што треба да се запамети и почитува.
Суфражетки (2015)
Суфражетките не се само екстремистки што фрлаат камења и бунтуваат. Тие се секојдневни жени, сопруги, мајки, ќерки. Нивната главна грижа е родовата еднаквост. Тие се соочуваат со сексуални напади на работното место, со домашно насилство, право за старателство. Нивните плати се многу пониски отколку на мажите. И немаат право на глас, не учествуваат на ниту едни избори. Првпат нивното болно искуство е прикажано на филм.