Студиото „Парамаунт“ го објави првиот трејлер за биографската драма „Рокетмен“, која ќе ја раскаже приказната за животот на Елтон Џон, од неговиот успех на Кралската музичка академија до станувањето поп-ѕвезда и неговото влијателно и долготрајно музичко партнерство со Берни Таупин.
Првобитно беше најавено дека во улога на Елтон Џон ќе се најде Том Харди, но сепак улогата ја толкува британскиот глумец Тарон Егертон.
Егертон ги отпеа сам сите песни во филмот, а во трејлерот ќе може да се слушне саундтракот на филмот, информира магазинот „Ролинг стоунс“.
Филмот е режиран од Декстер Флечер, по сценарио на Лиџа Хала, а првиот трејлер за оваа нецензурирана музичка приказна ветува турбулентна драма.
Тој во едно интервју најави дека „Рокетмен“ ќе биде повеќе фантастичен мјузикл отколку класичен биографски филм.
Надреалниот карактер на филмот е навестен и на крајот на трејлерот, со реченицата „врз основа на вистинска фантазија“.
Освен Егертон, во „Рокетмен“ ќе играат Џејми Бел и Брајс Далас Хауард.
Елтон Џон е еден од најуспешните музичари на светот. Тој зад себе има повеќе од 250 милиони албуми и 100 милиони сингла, пет награди „греми“, пет награди „брит“, „златен глобус“ и „оскар“. „Рокетмен“ премиерно ќе биде прикажан на 17 мај во 2019 година, а потоа ќе почне кинодистрибуцијата.