„Велигденски компромис“ е насловот на оваа инсталација на Пане Хаџи-Василев од Кавадарци, добитник на првата награда за цртеж на тема „Мода“ во Шпанија, кој своите дела освен на изложби ги претставува на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Инспириран од музичкото дело „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди“, особено од делот за пролетта, тој ја создава оваа инсталација во просторот на денот Велики Четврток кога по традиција во христијанскиот свет се бојадисуваат велигденските јајца. Пане за оваа инсталација употребил 74 јајца во нотна композиција обоена во традиционалните бои на македонскиот фолклор : црвена бела и црна.
– Секогаш се трудам да ја одберам најнеобичната комбинација, да испратам порака, да раскажам приказна или некого на насмеам со моите цртежи. Инспирацијата ја црпам од секојдневието, а при изработката употребувам парчиња од органска храна како што се и јајцата во оваа инсталација. Минатата година на Меѓународниот конкурс за цртеж на тема „Мода“ каде авторите имаа целосна слобода во изборот на материјали што ќе ги користат јас употребив семки од сончоглед и на мое големо изненадување во многу силна конкуренција ја освоив првата награда – вели Пане Хаџи-Василев.
М.М.