Домување
Огледалотo е декорација на секој дом. Се чини дека никогаш не e доволно од нив. И како и сите работи што се декоративни и практични, огледалата се предмет на трендовски промени.
Сега акцентот е ставен на кругот. Кружните предмети предизвикуваат пријатно чувство кога ќе ги погледнете, бидејќи
немаат остри агли. По тркалезните клупски маси, тркалезните огледала се вратија во ентериерите. Некогаш запоставените бањи добиваат сè поголемо внимание.
Дали поради влијанието на Инстаграм и честото фотографирање во бањата или затоа што сакаме времето што го поминуваме таму да биде пријатно, кон украсот на бањата се пристапува сѐ посериозно.
Огледалата визуелно го зголемуваат просторот и се поставуваат спроти најубавиот дел од собата. Без оглед во кој стил е украсен домот, огледалото секогаш одговара. Секако, рамката треба да биде усогласена со остатокот од
мебелот. Може да биде и над бирото. Мултифункционалниот мебел стана наша реалност и поради малите станови и поради практичноста, така што огледалото се вклопува каде и да го поставите.