Од 26 до 28 септември на плоштадот „Мајка Тереза“ пред платото на МОБ, во центарот на Скопје, посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови.
На „Скопје вајн експо“ ќе настапат доајените на македонската музичка сцена: Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација „Брас Брадерс“, српскиот поп-бенд „Тропико“, Слаткаристика, најпознатиот бугарски продуцент Криско како и бугарскиот пејач Графа, групата „Нокаут“, македонскиот рок-бенд, кој постои речиси 3 децении, „Ареа“, Александра Јанева и Марко Логаут со специјалниот проект „Тоше Проески трибјут“, „Либеро бенд“ и „Ксмет оркестар“ со попладневни забави, Амон Мра, Диџеј Оки Доки, како и најдобриот трибјут-бенд на „Бијело дугме“.
Покровител на најголемиот македонски вински фестивал е градот Скопје. Влезот е бесплатен за сите посетители.