Фановите на „Игра на тронови“ изготвија петиција за преснимување на осмата сезона на играната серија. Петицијата доби над 300 илјади потписи и бројката постојано се зголемува.
Целта е да се соберат половина милион потписи од луѓе што се незадоволни од тоа како заврши осмата сезона на популарната серија.
– Серијата заслужува завршна сезона што има смисла – пишува во петицијата објавена на Change.org.
Осмата и последна сезона на „Игра на тронови“, чија последна епизода ќе се емитува в недела, ги остави разочарани многу обожаватели.