Извртениот британски хумор, возбудливите сцени на борба, ненадминливите актерски великани Рајф Фајнс, Рис Ифанс и Даниел Брул ги пополнуваат снимките од најновиот трејлер за долгоочекуваниот филм „Кингсмен: почеток“, чие прикажување во кината со нетрпение го очекуваме на крајот на годината.
Група најголеми криминалци и тирани се собираат за да планираат војна насочена кон уништување милиони луѓе. Еден човек ќе мора да се трка со времето за да ги спречи.
Студиото „Твентиет сентјури“ не престанува да ја скокотка нашата имагинација и полека нѐ воведува во филмскиот спектакл за љубителите на добриот филм, смеата и елеганцијата. Овој филм не е продолжение на франшизата „Кингсмен“, туку ја враќа публиката во периодот на почетокот на најтајната кралска служба, во ерата по Првата светска војна. Луксузните носии, елегантни костуми, остриот британски хумор проткаен со познатата Каjинка, ги сугерираат главните страни на конфликтот, додека на публиката останува да ја избере страната. Мистичниот негативец со црни очи и разбушавена коса го игра Рис Афанс, на страната на „лошите момци“ се и Стенли Тучи (Игри на гладот) и европскиот актер Даниел Брул (Капетан Америка: Граѓанска војна).