Според снимките на сателитите, мразот на Арктикот би можел да исчезне некаде околу 2029 година, предизвикувајќи огромно забрзување на глобалното затоплување и дестабилизација на глобалната клима. Сево ова ќе резултира во катастрофални, нови услови за животот на Земјата, пишува на Твитер, новинарот и климатскиот активист Бен Си.
Иако климатските модели укажуваат дека Арктикот во текот на летото 2023-2049 година ќе остане без мразот, научниците забележуваат дека сателитските снимки сугерираат дека тоа може да се случи и порано од предвиденото.
Неодамнешното спроведено истражување потврдува дека летното исчезнување на арктичкиот морски мраз е предвидено помеѓу 2020 и 2049 година.
– До крајот на векот па понатаму, тешко е да се размислува за нешто глобално позначајно од ова – велат научниците.
Арктикот, кој е место каде што Земјата најбрзото се затоплува, веќе влезе во состојба без преседан, која ѝ се заканува на глобалната климатска стабилност.