Топењето на норвешкиот планински мраз откри изгубен планински превој од период на Викинзите, каде се пронајдени спектакуларни и совршено сочувани артефакти, расфлани покрај самиот пат.
Преминот во Лендбрин во централниот планинскиот регион на Норвешка, првпат го привлече вниманието на локалните археолози во 2011 година, откако беше откриена волнена туника за која подоцна е утврдено дека датира од третиот или четвртиот век од нашата ера.
Мразот значително се повлече изминативе години, изложувајќи богатство на артефакти, вклучувајќи плетени ракавици, кожени чевли и стрели.
Преминот го користеле земјоделците и патниците уште од железната ера, сè додека не престанал да се користи по Црната смрт во 14 век. Најголемиот дел од откритијата датираат од периодот околу 1000 години пред нашата ера, за време на Викиншката ера, кога трговијата и подвижноста во регионот биле нивен центар.
– Ова е како артефактите да биле ставени во длабоко замрзнување пред 1.000 години. Значи, текстилот е речиси совршено зачуван, може да се најдат стрели со перја совршено зачувани, конецот кој се уште е на место, како и лепилото со што се залепени пердувите на основата на стрелата . Овие се навистина извонредни откритија – вели Џејмс Барет, археолог при Универзитетот во Кембриџ.
Мразот што се топи откри камени маркери што ги воделе патници низ маглата. Други откритија се производи што биле транспортирани од локалните земјоделци до и од нивните летни пасишта, како што се млечни производи и добиточна храна, или од трговци кои потенцијално ги носат многу подалеку, вклучувајќи кожа и рогови од ирваси.