Талентирани актери може да најдете насекаде, но филмските ѕвезди се помалку. Кога сакате да кажете дека некој од нив има нов филм, едноставно велите „новиот филм на Том Хенкс“
Во новиот филм „Вести од светот“, холивудскиот глумец Том Хенкс успева да го потврди статусот на врвен татко во филмот. Но дали со оваа омилена холивудска ѕвезда се означува крајот на една парадигма. На 64-годишна возраст и во петтата деценија на големото платно, Том Хенкс се смести во улогата на филмска ѕвезда за која можеме да кажеме дека беше претплатена за големи улоги. Со репутација на човек што е пријатен во приватниот живот како што е во филмот, Хенкс остаре и сега има вистински татковски, белобрад изглед, па добива улоги што му одговараат.
„Вести од светот“ – последен филмски
предизвик
Неговите последни два филма се: минатогодишниот „Грејхаунд“, трилер од Втората светска војна напишан од Хенкс, како и актуелниот „Вести од светот“, вестерн, чие дејство се случува во годините по Граѓанската војна, во режија на Пол Грингрес.
Во овој филм, Хенкс е ветеран што крстосува по патиштата во Тексас за време на периодот на реконструкција по Граѓанската војна. Тој се среќава со изгубена бела девојка (Хелена Зенгел), која зборува на јазикот на Кајова и се обврзува да започне опасно патување за да го најде семејството на сирачето. Хенкс ја води девојката кон безбедноста. Уште еднаш, буквално, нè потсетува дека тој е, всушност, неповторлив татко.
Во последниве години се зборуваше многу за непостоење сериозна, млада ѕвезда со моќен потенцијал во Холивуд. Талентирани актери може да најдете насекаде, но филмските ѕвезди се помалку. Тие имаат добра смисла за хумор како Двејн Џонсон или привлечност и достоинство како Дензел Вашингтон.
Кога сакате да кажете дека некој од нив има нов филм, едноставно велите „новиот филм на Том Хенкс“, а тогаш тоа е знак дека е филмска ѕвезда.
Но дури и тие стареат. Тука се Леонардо ди Каприо на 46, Џонсон на 48, Бред Пит на 57 и Том Круз на 58 години. Другите се дури и постари – Вашингтон е 66 и две години постар од самиот Хенкс.
Вистинските ѕвезди се ретки ѕверки
Понекогаш се прашувате кога ќе се појават машки филмски ѕвезди на возраст под 40 години и дали воопшто ќе се појават. Можеби сево ова има врска со огромен број начини на кои се менуваше системот за создавање ѕвезди, како и самата индустрија од 1980-тите и 1990-тите. Или има врска со промена на ставовите во врска со мажественоста, или можеби поради постоењето на таа тенка линија меѓу „личностите“ и типичните улоги, според кои актерите генерално се многу резервирани. Сето тоа ги вметнува Том Хенкс и другите актери што припаѓаат на таа класа во категоријата многу ретки ѕверки.
Статусот на филмска ѕвезда е, како и обично, прошетка на работ на жилет, понекогаш е многу тешко да се отстапи од сликата по која сте препознатливи за широката публика, бидејќи тие ве сакаат поради таквата слика. Секогаш постои ризик да се потпрете премногу на веќе утврдената шема и да станете предвидливи и просечни.
Вкусот на Хенкс во проектите и режисерите што ги избра е несомнено благороден и со малку провокативни исклучоци како што е „Филаделфија“ во 1993 година, првиот мејнстрим-филм за ХИВ. Тој сними пет филма со Спилберг и неколку со Рон Хауард и Роберт Земекис, кои се почитувани, но исто така и конвенционални автори заколнати на принципите на Капријан.
Во меѓувреме, неуспесите како што е екстремно извртениот анимиран „Поларен експрес“, како и мошне лошата преработка на комедијата „Елинг Гангстер Пет“ од браќата Коен, само укажуваа на тоа како може да изгледа пренасочување. Од таа причина, некои сметаат дека Хенкс е пребирлив.
Со Вуди од „Приказна за играчките“ пораснаа многу генерации
Неодамна на Твитер имаше полемика за тоа дали Том некогаш играл во добар филм. Факт е дека Хенкс е поголем од животот во моментот и дека многумина што го сакаат – особено младите – го гледаат не како актер кому му се восхитуваат, туку како омилена икона на популарната култура: тој е гласот на Вуди од „Приказна за играчките“, некој со кого пораснале.
За него се зборува како за некој што им помага на странците, кој има одлична колекција на машини за пишување, кој ги теши новинарите и воопшто луѓето, но критичарите сметаат дека мора да има премногу горчина во вас, ако не го сакате, без оглед на фактот дека сигурно наскоро повторно нема да го гледате „Форест Гамп“. Можеби има вистина во фактот дека Хенкс сака да игра тешки, но доверливи ликови, вклучувајќи војници, полицајци или политичари.
Тој е претставник на веројатно умирачки вид: добра, старомодна филмска ѕвезда, чиј „реален живот“ на некаков речиси магичен начин е на исто ниво со неговиот карактер.
Во овие крајно цинични времиња, во кои славните имаат сè помалку тајни, тоа е многу интересен феномен.