Пандемијата на коронавирусот затвори милиони работници во своите домови, така што работата веќе околу еден месец се извршува од дома. Промените не ги заобиколија ниту вработените во НАСА, па, така, и роверите што се наоѓаат во други светови се управуваат од приватни домови.
Додека работата од далечина е нешто што е нормално за одредени професии, за други е практично невозможно. Ситуацијата е особено важна ако еден од виталните членови на тимот се наоѓа на друга планета, оддалечен милиони километри.
Таков е, всушност, случајот со членовите на тимот на НАСА што се задолжени за роверот „Кјуриозити“, со седиште на Марс, па инженерите сега работата на стотици вработени ја контролираат од дома, за да му овозможат со здружени сили на роверот да ја продолжи својата експедицијата.
Понекогаш повеќе од 20 луѓе работат истовремено на низа кодови што му овозможуваат на роверот да се движи, а процесот може да трае и неколку дена, а завршува кога командата ќе стигне до „Кјуриозити“.
Токму поради тоа дневно се одржуваат десетици видеосостаноци, за сите членови, кои нормално го делат истиот работен простор и комуницираат во живо, постојано да бидат во тек со работата.
Се претпоставува дека по пандемијата сè ќе се врати по старо, но експертите истакнуваат дека времето поминато надвор од работа сепак ќе влијае повеќето работници и во иднина да продолжат да работат од далечина.