По вторпат Тејлор Свифт ја направи 2020 година малку поубава и поинтересна. Музичката сензација, музичарката на деценијата штотуку издаде нов албум, само неколку месеци по објавувањето на нејзиниот албум „Folklorea“, кој ги воодушеви дури и оние што не се нејзини обожаватели.
Тејлор овој пат ги изненади обожавателите со албумот „Evermore“, кој е полн со генијални соработки.
За Свифт е познато дека секој нејзин албум е нова фаза – музичка и стилска, како и приватна. Сепак, „Evermore“ го издаде и како продолжение на сестринскиот албум „Folklorea“, кој беше објавен во јули оваа година.
– Ние едноставно не можевме да престанеме да пишуваме песни. Да објасниме поетски, се чувствувавме како да стоиме на работ на фолклорна шума и имаме избор – да се свртиме и да се вратиме или да продолжиме да патуваме понатаму во шумата на оваа музика. Одлучуваме да талкаме подлабоко. Никогаш не сум го направила ова. Јас секогаш ги третирав албумите како „епохи“ и кога ќе излезеше едниот, ќе започнев да го планирам другиот. Но нешто поинакво се случи со „Folklorea“. Се вљубив во идејата што ја најдов во овие имагинарни и реални приказни – напиша Тејлор во најавата за новиот албум.