Техно

Јапонија развива необичен робот, кој планира да го испрати во мисија за истражување на Месечината.
Јапонската вселенска агенција JAXA се здружи со компанијата „Сони“, универзитетот „Дошиша“ и со производителот на играчки „Томи“, за заеднички развој на топка што се трансформира во робот, чија цел ќе биде проучување на површината на Месечината пред роверот со екипажот, кој треба да биде испратен во 2029 година.
Роботот ќе пристигне на површината на Месечината во компактна топка, а потоа ќе следува трансформација.
Компанијата „Сони“ има искуство со роботи на тркалање, а во овој случај ќе обезбеди технологија за контрола на роботот, додека „Томи“ и „Дошиша“ се грижат за најмалиот можен дизајн. Работата на роботот почнала во 2016 година, а била зајакната со приклучувањето на „Сони“ во 2019 година и гореспоменатиот универзитет во 2021 година.
Компанијата „ИСпејс“ ќе лансира сонда и робот што се трансформира во 2022 година.