Половина милион хакирани профили на Зум на дарк веб
Експертите од компанијата „Сајбл“ неодамна откриле дека хакерите ги продавале податоците за корисниците на апликацијата Зум по ниски цени, а во некои случаи овие податоци се нуделе и бесплатно. Од „Сајбл“ откриле повеќе од 530 илјади профили преку хакерски форум на дарк веб (дигитално подземје), а меѓу украдените профили биле и оние што им припаѓаат на вработените во оваа компанија. Податоците вклучувале УРЛ-адреси за состаноци и тастери за Зум. Компанијата контактирала со сопствениците на профилите и се потврдило дека информациите се навистина валидни, пренесува „Форбс“.
Податоците се нуделе на дарк веб за помалку од едно пени, а некои им биле оставени целосно слободни на другите хакери за да „се шегуваат“ со корисниците на Зум и да вршат злонамерни активности.
„Сајбл“ потврди дека бесплатните профили на Зум почнале да се појавуваат на 1 април, со понудени е-адреси и лозинки. Меѓу нив се наоѓале профилите од универзитетите во Вермонт, Колорадо, Дартмут, Лафајет, Флорида и многу други. Исто така, меѓу украдените профили се и оние што ги користат познатите компании како „Чејс“, „Ситибанк“ и други.