Не постои поврзаност помеѓу 5Г-мрежата и коронавирусот
Научната заедница ја осуди теоријата на заговор, која тврди дека 5Г-технологијата помага во ширењето на коронавирусот.
Професорот за клеточна микробиологија на универзитетот „Ридинг“, Симон Кларк, објаснува дека ваквите тврдења воопшто не се точни.
– Вашиот имунолошки систем може да биде презаситен од многу работи како замор и лоша исхрана, овие ефекти не се огромни, но тие можат да ве направат повеќе подложни на вируси. Радиобрановите можат да ја нарушат вашата физиологија додека ве загреваат, но 5Г-радиобрановите се мали, па дури и не се ни приближно доволно силни за да влијаат врз имунолошкиот систем – објаснува Кларк.
Идејата дека 5Г може да пренесе коронавирус ја негира и професорот по педијатрија на Универзитетот во Бристол Адам Фин.
– Вирусите и електромагнетните бранови на мобилните телефони и интернет-врските се различни нешта. Тие се различни како креда и сирење – истакнува Фин.
Има голема мана во оваа теорија на заговор, а тоа е дека вирусот се шири дури и во земји каде што оваа технологија сè уште не е воведена.