Кинеска компанија ја развива првата технологија за препознавање на лицето под хируршка маска, која, како резултат на епидемијата на коронарнавирус, ја носат голем број граѓани на Кина во последниве неколку месеци.
Кина користи некои од најсофистицираните системи за електронски надзор во светот, вклучувајќи и препознавање лица, пренесува „Ројтерс“.
Но коронавирусот, кој се појави во провинцијата Хубеи кон крајот на минатата година, предизвика скоро сите да носат хируршки маски, што претставува проблем за препознавање.
„Ханванг технолоџи лтд“ објави дека се појавила технологија што може успешно да ги идентификува луѓето, дури и кога носат маски.
Фирмата со седиште во Пекинг соопшти дека тим од 20 вработени работел со технологии развиени во изминатите 10 години, а како примерок биле користени база на податоци од околу шест милиони непознати лица и многу помала база на податоци со маскирани лица.