Второ издание на луксузниот часовник „бовет“
Минатата година, швајцарскиот производител на луксузни часовници „Бовет“ го претстави часовникот „рецитал 26 брејнсторм чаптер 1“ со комплексен дизајн. Часовникот, полн со неверојатни детали и хорологија, беше посветен на астрономијата. Компанијата одлучи да го надмине минатогодишниот модел со презентирање на најновиот модел „рецитал 26 брејнсторм чаптер 2“.
Иако часовникот во второто издание продолжува со истиот основен распоред, тој се фокусира на репрезентациите на временската зона, наместо да се концентрира на астрономските временски парадокси. Бројчаникот направен од синтетички сафир има необичен дизајн со изразено навалување од врвот до дното.
Сепак, од „Бовет“ велат дека употребата на сафири го прави полесен и покрај неговата значајна големина, бидејќи материјалот е всушност полесен од титаниум. На позицијата за 12 часот има проѕирен син бројчаник, кој го покажува времето. На позицијата за 9 часот се наоѓа ротирачка купола што ја покажува фазата на Месечината во северните и јужните хемисфери. Содржи имиња на 24 града, кои претставуваат 24 временски зони. „Бовет“ ќе произведе само 60 вакви часовници, што значи дека станува збор за ултраограничено издание. Цената е 383.000 долари.