Познатата холандската актерка Стијн Франсен била тетовирана од уметник за тетовирање, но од далечина со робот и преку 5Г-мрежа, пренесува „Фјучризам“.
Вес Томас, уметникот за тетоважи ја тетовирал Франсен од далечина преку употреба на дизајнирана роботска рака. Роботот е создаден и програмиран од лондонскиот технолог Ноел Дру за неколку недели.
– Секој дел од конструкцијата на роботот беше создаден и дизајниран или купен специјално, доразвиен и направен. Голем број такви беа употребени за тестирањaта, пред конечно роботот да биде подготвен за тој настан – рекол Дру.
Франсен за цело време на процесот била неверојатно смирена. За секој случај, за безбедноста на раката на Франсен имало сигурносни алатки. Меѓу другото, за цело време потенциометар ја следел површината на раката на Франсен, за да ја контролира иглата да не отиде предлабоко.