Рецензиите за „Тенет“, долгоочекуваниот нов филм на британскиот режисер Кристофер Нолан и продолжение на неговиот хит-филм од 2017 година „Данкирк“, се воглавно позитивни.
Тенет доби високи 82% на „Ротен томејтс“ (веб-страница што ја мери пропорцијата на позитивните критики). За многумина оваа веб-страница е првото место каде што проверуваат дали вреди да се гледа некој филм, но некои критичари напишаа дека е филм „на кој му се восхитуваш но речиси е невозможно да го сакаш“.
Како и да е, мнозинството повратни информации беа позитивни, вклучително и рецензиите на „Варајати“: „Структурните компликации на раскажувањето на Нолан се доволно добри и лукави, но она што инспирира чудење е неговиот нагласен мускулест стил на правење филмови“.
Во меѓувреме, „Холивуд репортер“ го нарече „интересен, церебрален филм – лесен за восхитување, особено затоа што е толку богат со дрскост и оригиналност, но е речиси невозможно да се сака. Недостасува одредена човечност“.
Во филмот глумат Џон Дејвид Вашингтон, Роберт Патинсон, Елизабет Дебики, со пojaвување на двајца ветерани од британското национално богатство, Мајкл Кејн и Кенет Брана.
Сторијата на филмот – епска акција сместена во светот на меѓународната шпионажа – се фокусира на тајна организација Тенет чија цел е да спречи избивање на апокалиптична трета светска војна.
Иако првично требаше да излезе во средината на јули, филмот беше одложуван повеќе пати заради пандемијата на коронавирус.
Филмот „ќе се поклони“ следната среда во 70 земји, а во САД ќе има лимитирана премиера во киносалите на 3 септември.
Британецот Кристофер Нолан несомнено е еден од најдобрите и најпочитувани режисери на денешницата.