Се појавил одеднаш и со експлозијата оставил расфлени парчиња на сите страни наоколу. Околу работ на кратерот, земјата се претвора во сив куп, фрагментиран мраз и парчиња пермафрост (вечен мраз). Знаци на горење можеле да се видат на свежо искорнетите корени на растенијата. Со ова донекаде се покажува со колку моќна сила е создаден овој кратер среде сибирскиот Арктик, пренесува „Би-би-си“.
Гледано од воздухот, свежо ископаната земја се издвојува на зелената тундра и темните езера околу неа.
Слоевите земја и камен откриени подлабоко во таа цилиндрична дупка се скоро црни, а кога научниците стигнале до неа, на дното веќе било формирано езеро.
Меѓу тие научници е и Евгениј Чувилин, геолог од московскиот „Институт за наука и технологија Сколково“. Тој отишол кон овој зафрлен дел на полуостровот Јамал во северозападен Сибир за да го види кратерот.
Оваа дупка со длабочина од 50 метри, може да содржи клучни делови од загатката што го мачи Чувилин последните шест години, откако беа откриени првите мистериозни дупки на други места на полуостровот Јамал.
Таа дупка со широчина од околу 20 метри и длабочина до 52 метри ја откриле пилотите на хеликоптер што прелетал над тој терен во 2014 година, оддалечен околу 42 километри од гасното поле Бованенково, на полуостровот Јамал.
Меѓу научниците кои го посетиле кратерот е и Маријана Лајбман, главна научничка на „Земјиниот институт за криосфера“, кој повеќе од 40 години го проучува сибирскиот пермафрост (вечен мраз) и го опишал како целосно нов феномен во пермафрост (вечниот мраз).
Со дополнителна анализа на сателитските слики се утврдило дека кратерот – сега познат како „ГЕЦ-1“ е формиран некаде меѓу 9 октомври и 1 ноември 2013 година.
Најновиот кратер беше откриен од телевизиска екипа во август минатата година, додека летал преку областа со тим научници од Руската академија на науките за време на експедицијата со локалните власти на Јамал.
Со тоа вкупниот број на потврдени кратери откриени на Јамал и соседниот полуостров Гидан се искачи на 17.
Но, сè уште во голема мера е непознато што всушност ја предизвикува појавата на овие огромни дупки во мразот и зошто тие се појавуваат толку нагло.
Исто така, нема одговор на тоа што тие значат за иднината на Арктикот, како и за луѓето што живеат и работат таму.
Многумина кои го проучуваат Арктикот се вознемирени од знаците дека овој студен и претежно ненаселен регион на северот на нашата планета доживува драстични промени.
Меѓутоа, неодамнешното истражување нуди неколку докази за тоа што всушност се случува.
Јасно е дека дупките не се формираат поради постепено слегнување како резултат на топењето и движењето на вечниот мраз под површината. Исто така е јасно дека тие се случуваат при експлозии.
– Кога се случи експлозијата, блокови земја и мраз се ифрлуваат стотици метри од епицентарот. Тука наидуваме на колосална сила создадена од многу висок притисок – тврди Чувилин, додека сè уште не е познато зошто притисокот е толку висок.
Чувилин е дел од група руски научници кои соработуваат со колеги ширум светот и кои ги обиколуваат овие кратери за да земат примероци и да ги измерат, со надеж дека подобро ќе разберат што се случува под површината на тундрата.
Некои научници ги споредија овие кратери со криовулкани, вулкани кои исфрлаат мраз наместо лава и за кои се верува дека постојат во далечните делови на нашиот Сончев Систем како што се Плутон, Месечината на Сатурн, Титан, и џуџестата планета Церес.
Сепак, бидејќи се повеќе арктички кратери биле изучувани во различни фази од нивната еволуција, тие станале познати како „кратери за емисија на гас“. Нивното име донекаде ни го сугерира начинот на кој се смета дека тие настанале.
– Анализите на сателитските снимки покажуваат дека експлозијата создава огромна дупка на местото на пингот или ридот – вели Чувилин.
Пинго е заоблен рид што се формира кога слоевите замрзнати почви ја истиснуваат водата што тече под земја и потоа почнуваат да се замрзнуваат. Како што водата замрзнува, таа се шири и создава возвишување. Во Русија, локалното население Јакут ги нарекува и „булгуњаци“ и овие пингови растат и се израмнуваат во зависност и со промената на годишните времиња.
Научниците тврдат дека ова може да се должи на деформација на почвата.
– Сепак, постојат докази дека животниот циклус на кратерите за гас може да биде многу краток, помеѓу три и пет години – објаснува Александар Кизјаков, криолитолог на рускиот државен универзитет Ломоносов во Москва.
Сателитските снимки на кратерот што се појавија летото 2017 година, познат како „SeYkhGEC“, покажаа дека тлото започна да се деформира во 2015 година.
Слични лузни и покачувања поврзани со емисиите од џебовите на гасот се најдени на дното на морето Кара, недалеку од полуостровот Јамал, а некои биле пронајдени и во Баренцовото Море. Но, досега не било пронајдено ништо слично на копното на Арктикот.
Неколку постојани мразови на Јамал и Гидан ја прават почвата соодветна за создавање на овие експлозивни ридови. Оваа област има некои карактеристични особини. Тоа е област каде има многу дебел слој мраз, наречен рамен мраз, што создава капа над вечниот мраз.
Тоа е исто така област каде што има многу феномени познати како криоклини, зони на незамрзната почва опкружена со мраз, како еден вид сендвич со вечениот мраз. Третиот феномен се длабоките резервоари за гас и нафта .
Се чини дека еден кратер што неодамна го проучил Чувилин, дупката со широчина од 20 метри позната како „крак Јеркут“, именуван по реката во чија долина се наоѓа, е создаден на местото на исушен труп. Кога езерото исчезнало, останало незамрзнато парче земја познато како талик, место каде што се акумулира гас. Чувилин тврди дека вистинскиот извор сè уште не е откриен.