За најдобриот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс е снимен документарен филм во кој се прикажува неговиот успех, падот, но и спектакуларното враќање на голф терените.
Една од соговорничките во филмот е Рејчел Ушител, жената со која Вудс во 2009 ја изневеруваше својата сопруга, Елин Нордегрен.
– Тој беше во мојот кревет, беше мојот тигар. Тајгер освојува турнири и награди. Може да падне, ама веднаш станува и луѓето сакаат да навиваат за него. Но жените не добиваат многу. Беше тешко 10 години луѓето да ги слушам како зборат се и сешто за мене. Некои зборуваат како да ме познаваат, а тоа не е вистина – рече Ушител.
Вудс беше првиот спортист кој во кариерата заработи милион долари. Беше толку доминантен во голфот што дури имаше предлози да му се забрани да се натпреварува затоа што стана монотоно да се губи од него.
Сепак, неговата сексуална незаситност се чини скапо го чинеше.
Сопругата Елин Нордегрен ја запозна во 2001 година, се ожени со неа во 2004 година, а со неа има две деца, син и ќерка.
Госпоѓа Вудс побара развод откако во јавноста се појавија голем број жени кои тврдеа дека имале интимни афери со голферот. Наводно, Тајгер подоцна и признал на сопругата дека спиел со околу 120 жени додека биле во брак.
Интересното е што со голем дел од жените бил во периодот додека бил на Клиника за одвикнување од секс.
По разводот во 2010 година почесто беше во „жолтиот печат“, откако во спортските рубрики.
Имаше и 4 операции, но не се предаде, се врати на голфот и тоа на шампионски начин.